Натреварот од Купот на Србија помеѓу Трепча од Митровица и Црвена Ѕвезда нема да се одигра откако косовските власти им забранија на српската делегација да влезе на територијата на Косово.
Фудбалерите на Ѕвезда уште вчера пристигнаа во Нови Пазар и чекаа дозвола од властите во Приштина. Откако не ја добија се упатија кон граничниот премин Јарине каде беа запрени од косовската полиција.
За натпреварот кој требаше да се одигра во Звечани владееше големо интересирање кај Србите на Косово.
Натпреварот во рамките на купот на Србија требаше да се одигра денеска во 15 часот, меѓутоа претходно тој беше забранет од Фудбалската федерација на Косово (ФФК).
Информацијата за одложувањето на натпреварот во изјава за медиумите на српски јазик во Косово ја потврди и директорот на фудбалскиот клуб Трепча, Бојан Јакшиќ.
Našim fudbalerima nije dozvoljen ulazak na #Kosovo.
🔴⚪️#fkcz pic.twitter.com/NFQmb7JN5E
— FK Crvena zvezda (@crvenazvezdafk) October 9, 2019
, ФФК ги повика косовските безбедносни власти да не го дозволат одржувањето на натпреварот.
ФФК се противи на учеството на српски клубови од Косово во натпреварите во Србија, инсистирајќи дека само таа има право да организира натпревари на територијата за Косово и, како што објавија приштинските медиуми, „за обидот на Србија на ваков начин да интервенира на косовска територија“ се жалела и во УЕФА и ФИФА
Comments are closed for this post.