Екипите на Баерн Минхен и на Јувентус на две кола пред крајот на групната фаза обезбедија учество во осминафиналето од Лигата на шампионите.

Ова е епилогот по вечерашните средби од 4. коло, сегмент Е-Х во елитното фудбалско натпреварување, по кое и германскиот и италијанскиот тим стигнаа до четвртите победи во своите групи.

Резултати:
Малме – Челзи 0:1
Волфсбург – Салцбург 2:1
Аталанта – Манчестер јунајтед 2:2
Баерн – Бенфика 5:2
Динамо Киев – Барселона 0:1
Јувентус – Зенит 4:2
Севилја – Лил 1:2
Виљареал – Јанг Бојс 2:0.

Табела Е-група: Баерн Минхен 12 бода, Барселона 6, Бенфика 4, Динамо Киев 1.

Табела Ф-група: МанчестÐ �р јунајтед 7 бода, Виљареал 7, Аталанта 5, Јанг Бојс 3.

Табела Г-група: Салцбург 7 бодови, Лил 5, Волфсбург 5, Севилја 3.

Табела Х-група: Јувентус 12 бода, Челзи 9, Зенит 3, Малме 0