Вознемирувачките сцени од ЕУРО2020 кога на теренот поради срцеви проблеми колабираше данскиот репрезентативец Кристијан Ериксен се повторија, за среќа без трагичен епилог, на натпревар од втората норвешка фудбалска лига.

Како што објавија локалните медиуми, првенствениот натпревар меѓу второлигашките екипи на Сонгдал и Стјордалс-Блинк бил прекинат во 12. минута кога исландскиот интернационалец во редовите на домашниот тим Емил Палсон колабирал на теренот како последица на срцев удар.

Со итна интервенција на лекарскиот тим Палсон бил реанимиран на теренот и пренесен во локалната болница.

Неговиот клуб соопшти дека Палсон е во свесна состојба.

– Палсон падна на тревата по срцев удар. Успешно е реанимиран и пренесен во болница на дополнителни прегледи. Палсон, во меѓувреме, дојде при свест и со оглед на околностите се чувствува добро, соопшти неговиот клуб