На денешен ден пред 31 година Црвена Звезда стана европски првак во Бари во Финалето против Олимпик Марсеј и тоа на пенали.

Во францускиот тогашен дрим тим настапуаше сегашниот селектор на Србија Драган Стојковиќ Пикси.Тој одби да шутирал пенал против својот поранешен клуб бидејќи и да погодеше и да дадеше гол едни ќе му се лутеа.

Доаѓаат пеналите, ми приоѓа тренерот Гутелс и ми вика ти, шутираш пенал. Му Велам „не шутиран“. Вели, не, не, ти си одличен техничар и свеж играч, не си уморен. Му велам „не ме разбра, не шутирам пенал, сега ти шутираш“. И имаше излив на незадоволство од моја страна. Се сеќавам дека Франц Бекембауер, кога го виде тоа, застана меѓу нас. Ме фати вака за дрес и почна да ме турка и рече сега е готово, готово, ништо не ми треба-се присетува Пикси.