Николај Николов, еден од навивачите на Левски за бугарските медиуми раскажа како си поминале во Скопје и какви непријатности имале со македонската полиција.
Бевме неправедно приведени веднаш по наплатната рампа на автопатот пред стадионот. Службениците на редот избраа три бугарски автомобили, буквално по случаен избор, без никакви провокации. Бевме претресени и проверени и приведени“. Ќе си ги бараме правата кога ќе се вратиме во Бугарија. Ова е целосно на политичка основа“, потенцираше навивачо на „Левски“.
Тој посочи дека претставниците на органите на прогонот се однесувале без почит кон бугарските граѓани.
12 часа бевме без апсолутно никаква вода или ништо за јадење, не смеевме никого да се јавиме. Целосно исмевање на нашите права.Бевме заглавени додека не си ги вратиме документите. А, за ова да се случи секој требаше да платиме по 300 евра по човек.
Comments are closed for this post.