Кошаркарите на МЗТ Скопје го претрпеа петтиот пораз во АБА 2 лигата во оваа сезона. Сплит на домашен терен го совлада македонскиот шампион со 95:85 (27:22, 18:28, 22:19, 31:16) во воведниот меч од 17-та рунда.
Бојан Крстевски со 18 поени беше најпрецизен во редовите на аеродромци, Дамјан Стојановски постигна 17 поени, а двоцифрени беа уште и Ѓорѓе Милошевиќ со 15, Ерон Харис со 11 и Џабари Хиндс со 10 коша.
Тимот на МЗТ Скопје е втор на табелата со 29 бода, еден помалку од Борац Чачак кој допрва треба да го одигра својот натпревар од 17 коло. Нареден противник на „сино-белите“ од СЦ „Јане Сандански“ е Хелиос Домжале на 30 јануари во Скопје.
Comments are closed for this post.