Прославениот португалски фудбалски тренер Жозе Мурињо стана експерт во студиото на „Скај Спорт“, објави официјалната веб-страница на каналот.
Првиот натпревар на кој ќе работи Мурињо ќе биде утрешниот дуел помеѓу неговите два поранешни клубови, Манчестер јунајтед и Челзи.
Мурињо се приклучи на експертскиот тим во кој се наоѓаат и Гери Невил, Џејми Карагер, Џејми Реднап и Греам Соунс.
Последната работа на Мурињо како тренер беше во Манчестер Јунајтед, од каде беше отпуштен во декември 2018 година.
„Специјалниот“ беше телевизиски експерт за руската телевизија РТ за време на СП 2018 година.
Comments are closed for this post.