Поранешниот тренер на Реал Мадрид, Интер, Манчестер јунајтед и Челзи, Жозе Мурињо, сака да биде многу внимателен при изборот на новиот клуб.

  • Единствено што знам е дека не можам да бидам емоционален во донесувањето на одлука. Морам да бидам рационален. Нема потреба да одбирам нова средина само затоа што сакам да работам. Не сум очаен за да сакам да работам било каде. Ќе го изберам следниот клуб, доколку видам дека е вистински мотивирачки проект за мене, изјави Мурињо.

Португалскиот фудбалски стручњак сака да се врати, како што вели посилен од било кога.

– Учам многу и напорно работим на себе за да бидам подготвен да се вратам на највисоко ниво.

Мурињо е без ангажман од декември минатата година кога доби отказ од Манчестер јунајтед