Вест Хем го отпушти менаџерот Мануел Пелегрини по поразот од 1-2 од Лестер Сити, кој го остави лондонскиот тим во зоната за испаѓање на англискиот фудбалски шампионат.

– Разочарани сме што моравме да ја донесеме таа одлука. Сепак, на тимот јасно му беше потребна промена за да се врати на вистинскиот пат и да продолжи да ги следи целите што ги поставивме за сезоната. Дејствуваме сега за да му дадеме доволно време на новиот менаџер, изјави сосопственикот на тимот Дејвид Саливан во изјавата на веб-страницата на клубот.