Најдобриот светски тенисер Новак Ѓоковиќ веќе подолго време е на специјална исграна. За неа многу се зборува но Ноле вели дека тоа за него е начин на живот опишан и во неговата книга „Сервирај за победа“.

Исхраната му ја одреди нутриционистот Игор Четојевиќ откако утврди дека тој е нетолерантен на глутен.

Ова се правилата до кои се придржува Ноле.

Без глутен и млечни производи

Шекер на минимум

Многу зеленчук, грав, риба, јаткасти плодови

Без црвено месо

Храната добро да се џвака

Чаша млака вода штом се разбуди