Македонскиот ракометар, Филип Миркуловски кој што беше дел од репрезентацијата на Македонија во квалификациските натпревари против Данска за настап на ЕВРО 2022 година е позитивен на коронавирус.
Филип Миркуловски е позитивен на коронавирус и надвор од тимот ќе биде во следните две седмици. Тој по враќањето од репрезентативните обврски немаше контакт со ниту едно лице од тимот, што значи дека нема потреба за дополнителни грижи, стои во соопштението од клубот.
Инаку, Миркуловски речиси по тригодишна пауза повторно го облече националниот дрес, откако на кормилото на македонската ракометна репрезентација застана Кирил Лазаров.
Comments are closed for this post.