Управниот одбор на ФФМ на денешната седница донесе одлука да го назначи Благоја Милевски на позицијата селектор на репрезентацијата на Македонија до 21 година. Тој се враќа на чело на селекцијата, со која на Македонија и го донесе најголемиот фудбалски успех со пласманот на ЕП 2017 година во Полска.
Милевски порача дека се радува на новите предизвици и повторната соработка. Рече дека верува во репрезентацијата дека ќе бидат подготвени за новите предизвици.
„Веројатно ова е една од најтешките задачи во мојата кариера, но тука сум, повик од националната репрезентација не се одбива. Квалитет постои, знам дека можеме да успееме и не би прифатил ангажман доколку не верувам во момците и во својата работа. Се надевам дека може да направиме резултат, изјави Милевски, цитиран од ФФМ.
Во септември стартува новиот квалификациски циклус за пласман на ЕП 2021 година, а младинците се во групата со Фарски Острови, Црна Гора, Казахстан, Шпанија и Израел.
Comments are closed for this post.