Ракометарите со пораз го почнаа вториот дел од СЕХА лигата.Овој пат подобар беше Загреб, екипа во која има неколкумина репрезентативци кои играа на Светското првенство. Металурзите добро го почнаа натпреварот, воде и со два разлика, но кон финишот на полувремето тренерот Брестовац направи неколку рокади и колата почна да оди удолу.

 

Загреб го презеде водствтото и во текот на целиот меч имаше од осум до десет голови предност. Се гледа дека овој тим на Металург нема сили за нешто повеќе и дека ќе има големи проблеми за второто место во домашната лига, а камоли за во настапите во регионлната лига и Лигата на Шампионите.