Аргентинскиот фудбалски ас Лионел Меси ќе живее со семејството во Мајами во луксузен стан што го купил уште во 2022 година.
Меси одлучи да ја продолжи професионалната кариера вi Интер Мајами, клуб кој го претпочита неговата сопруга Антонела, која сакаше да го продолжи животот во овој град.
Аргентинецот му се приклучи на Интер во најголемиот МЛС трансфер во историјата. Покрај огромната годишна плата, Меси ќе има и процент од продажбата на правата на уредите на „Епл“, процент од продажбата на дресови од Адидас и можност за купување акции во клубот по завршувањето на кариерата.
Неговата сопруга сакашe децата да се школуваат во Америка, па не е исклучено и по завршувањето на тригодишниот договор, aргентинецот да остане со семејството во Мајами. Во 2022 година купи луксузен стан во познатата кула „Порше дизајн“ вреден неверојатни девет милиони долари. Како да знаеше дека ќе игра таму.
Comments are closed for this post.