Боксерот Флојд Медведер е најбогатиот спортист за 2018 година. Листата ја објави магазинот „Форбс“. На оваа листа боксерот е предводник со заработка од 250 милиони евра.
По него следат Лионел Меси и Кристијано Роналдо со 97,5 односно 95 милиони евра.
Сепак Роналдо е пред Меси според спонзорските договори, а има и најголем број следбениици на социјалните мрежи.
Најдобриот португалски фудбалер годинава заработил 41,3 милиони евра од спонзорскиите договори. Пред него се тенисерот Роже Федерер со 57 милиони евра и кошаркарот Леброн Џејмс со 45, 7 милиони евра. Нејмар има заработка од 15 милиони, Герет Бејл 5,3 милиони, Пол Погба 4 милиони.
Comments are closed for this post.