Сагата околу Лионел Меси која траеше летоска заврши откако Аргентинецот беше принуден да остане во Барселона, но веќе следното лето може да замине како слободен играч.

Меси беше одлучен да ги напушти редовите на каталонскиот клуб поради лошите односи со раководството, но на крајот остана. Сепак, се уште постои можност на крајот од сезоната да ја напушти екипата со која постигна врвни резултати последните две децении.

Најчесто се шпекулираше дека Меси ќе се пресели кај Пеп Гвардиола во Манчестер Сити, но француското радио „РМЦ“ објави информација дека Аргентинецот е поблиску до преминување во Франција.

Лионел Меси наредната година ќе биде во ПСЖ. Сериозен сум. Меси ќе се пресели во ПСЖ – вели спортскиот новинар, Даниел Риоло.

ПСЖ е еден од ретките тимови кој може да ги исполни желбите на Меси, но се смета дека и Нејмар е една од главните причини доколку Меси на крајот се одлучи да се пресели во Париз.