Аргентина е светски шампион, а Лионел Меси носи два трофеи, оној за титулата, кој беше единствениот што му недостасуваше во кариерата и вториот за МВП на Светското првенство. Ова е втор трофеј за Меси за најдобар играч, бидејќи беше прогласен за најдобар играч во Бразил во 2014 година. Германија тогаш славеше, а тој денес.
Најдобар голман на турнирот е Емилијано Мартинез, чуварот на мрежата на Аргентина. Голманот на „гаучосите“ брилјираше за време на турнирот, беше херој во пенал рулетот против Холандија и во финалето против Франција.
Најдобар стрелец во Катар е Килијан Мбапе, асот на Франција постигна осум гола, хет-трик во финалето, прв по Англичанецот Џеф Харст во финалето во 1966 година.
Најдобар млад играч на СП е Емилијано Мартинез, играчот од средниот ред на Аргентина.
Comments are closed for this post.