Фудбалерот на Барселона, Лионел Меси, со голот против Еибар во неделата, успеа да стигне до бројката од 400 голови дадени во првенството на Шпанија.

Без да придава значење на рекордот кој го постигнал, тој им се заблагодари на своите соиграчи за тоа што го постигнал пред но и во иднина по мечот против Еибар во кој Барселона победи со 3:0.

Горд сум на едно такво достигнување, но навистина не обрнувам многу внимание на евиденцијата и бројките. Повеќе сакам да се концентрирам на секој ден. Не мислам на голови, туку на секој следен натпревар на кој треба да победиме и освоиме уште три бода во походот кон титулата. Се обидувам да му помогнам на тимот, не само да подобрувам индивидуални статистички показатели, изјави Меси.

Аргентинецот за да дојде до 400 голови во Примера, му беа потребни 435 натпревари.

На второто место на листата на најдобри стрелци во историјата на шампионатот во Шпанија, се наоѓа поранешниот напаѓач на Реал Мадрид, Кристијано Роналдо со 311 погодоци во дресот на „кралскиот клуб.