Фуриозниот УФЦ борец, Ирецот Конор Мекгрегор, овој викенд се враќа во октагонот по двегодишна пауза. Тој ќе ги одмери силите против Kабиб Нурмагомедов за титулата светски шампион во лесна категорија.
Првата прес конференција за „УФЦ борбата на векот“ помина така што двајцата борци воопшто не се сретнаа. Рускиот борец, шампион во „ММА“ во лесна категорија со сите 26 победи, што е рекорд, не сакаше да го сочека доаѓањето на Мекгрегор, туку напротив го критикуваше заради непочитување.
Дојдов на време, зошто да го чекам? Ова е повеќе од лично, а одговорите на прашањата ќе ги добиеме во борба. Ова е повеќе од борба за појас, изјави Нурмагомедов.
Откако Нурмагомедов си замина по 30 минути доцнење се појави Мекгрегор. Пред борбата Ирецот влегува во кафезот со скор од 21 победа и три порази.
Се обидов да стигнам на време, но имаше многу гужва. Не знам каде отиде малата будала, подобро би му било да избега, рече Мекгрегор.
Двајцата борци претходно рекоа дека нема да се ракуваат заради сите случки од минатото, пред се инцидентот во април кога Мекгрегор со тврд предмет го погоди пријателот на Хабиб, Артем Лобов.
Најголемата „УФЦ борба на векот“ закажана е за во недела во Лас Вегас.
Comments are closed for this post.