Кошаркарите на Партизан денеска од 20 часот и 30 минути ќе го пречекаат Реал во четвртиот натпревар од плејоф серијата на Евролигата.

Црно-белите водат со 2:1 и потребна им е уште една победа за пласман на фајналфорот.

Помеѓу двата меча на овие два ривали се случи голема трагедија во Белград, масакрот во ОУ „Владислав Рибникар“ кога беа убиени осум деца и еден обезбедувач.

За ова зборува и Жељко Обрадовиќ.

„Сите бевме во неверување. Сочувство до сите семејства, голема трагедија“. 

Мечот мора да се игра и ќе биде без музика и вообичаеното навивање.