Рускиот тенисер Данил Медведев синоќа го победи Србинот Новак Ѓоковиќ во финалето на УС Опен со резултат 6:4, 6:4 и 6:4.
Дваесет и петгодишниот Русин стана петтиот играч што го победи Ѓоковиќ во едно грен слем финале.
За Медведев ова е четврта титула во 2021 година и 13-та АТП титула во неговата кариера. Тој, исто така, за првпат освои трофеј на еден Грен слем турнир.
Ѓоковиќ не успеа да направи календарски Гренд слем. Србинот оваа година ги освои Австралија Опен, Ролан Гарос и Вимблдон, но се „сопна“ во последниот меч во Њујорк.
Во мечот којшто траеше 2 часа и 17 минути, победникот сервираше 16 аса, Ѓоковиќ шест, Медведев имаше девет двојни грешки наспроти три на српскиот тенисер. Во брејк-гемови беше 4:1 за Медведев
Comments are closed for this post.