Шпанскиот фудбалски гигант Барселона планира да стане првиот клуб во историјата на овој спорт што ќе создаде приход од повеќе од една милијарда евра до крајот на сезоната.
На својот Твитер, Каталонците ги споделија своите финансиски планови за тековната сезона. Тие очекуваат да имаат приход од 1,047 милијарди евра, врз основа на неивните резултати.
Доколку с еисполнат очекувањата на раководството на Барселона, клубот ќе биде првиот со такво достигнување.
Според резултатите од минатата сезона, приходот на Барселона изнесувал 990 милиони евра.
Comments are closed for this post.