Британскиот тенисер Енди Мареј нема да учествува на турнирите од Мастерс серијата во Шангај и во Париз. Тој оваа година се соочи со повреда на колкот и подолго време беше надвор од терените, па заради тоа, смета дека не е доволно подготвен за учество на сите силни турнири.

– Не сум во кондиција да играм на сите турнири. Ќе учествувам во Шенжен и Пекинг, по што ја завршувам сезоната. Ми треба повеќе време да се подготвам за идната година, изјави Мареј.

Поранешниот прв светски рекет во моментов се наоѓа на 311 место на АТП ранг листата.