Легендата на аргентинскиот и светскиот фудбал, Армандо Диего Марадона, изјави дека напаѓачот на Барселона, Лионел Меси, не е вистински лидер на репрезентацијата.
Меси е одличен играч, но не е лидер. Бескорисно е да се направи лидер од човек што оди во тоалет 20 пати пред натпреварот. Да престанеме да правиме Бог од него. Тој е само играч во репрезентацијата на Аргентина, изјави Марадона.
На Светското првенство 2018 година, националниот тим на Аргентина стигна до 1/8 финалето, губејќи од Франција со 4:3.
Меси нема титула од Мундијалите, за разлика од Марадона кој успеа да го подигне вредниот трофеј.
Comments are closed for this post.