Манчестер Јунајтед може да добие нови сопственици. По стапките на нивниот градски ривал Манчестер Сити, кој има арапски сопственици, „црвените ѓаволи” исто така би можеле да добијат слични средства од саудиското кралско семејство.
Според британскиот таблоид „Сан”, следниот крал на Саудиска Арабија, шеикот Мохамед бин Салман, почнал преговори за купување на англискиот гигант од американското семејство Глејзер, кое ги купи акциите на клубот во 2005 година за 800 милиони фунти.
Состојбата на Шеикот Бин Салман и неговите роднини се проценува на 850 милијарди долари.
Comments are closed for this post.