Македонската ракометна репрезентација одигра нерешено 29:29 со Австрија во првиот натпревар од Главната рунда на Светското првенство 2025.
Избраниците на селекторот Кирил Лазаров одиграа добро во најголемиот дел од првото полувреме, имаа во два наврати и три гола предност, на паузата се отиде со резултат 13:14.
По неколкуте водства на Австрија во првите минути од вториот дел, Македонија во 40.минута по серија од 3:0 повторно имаше предност (18:17). На 10 минути до крајот резултатот беше нерешен 22:22. Во самиот финиш Филип Кузмановски промаши пенал при 27:27, а во следниот напад Австрија реализира за водство. Марко Митев изедначи, за на четири секунди до крајот противникот да постигне гол. Буквално во последната секунда Кузмановски погоди за конечни 29:29.
Најефикасни во македонскиот состав беа Митев со шест и Жарко Пешевски со пет гола.
На овој натпревар „Фалангата“ беше помалубројна во однос на натпреварите од групната фаза, но повторно им даваше голема поддршка на македонските ракометари.
Comments are closed for this post.