Македонија извади нерешен резултат на домашен терен од Италија. Одличната атмосфера на “Градски”  синоќа пред 28.000 гледачи не беше доволна за целосно поволен резултат.

Избраниците на Боби Милевски како да немаа доволно храброст пред големиот противник. Италија тоа го искористи, во неколку наврати добро ја нагази топката што резултираше со голот на Имобиле на почетокот на второто полувреме.

Сепак магијата се случи во 80-тата минута кога Барди од слободен удар го совлада Донарума што беше конечен резултат.

Се чини дека Италија никогаш немала послаба репрезентација и оти чудото во Палермо не беше случајно.

По мечот двајцата селектори ги искажаа своите ставови.Милевски рече е задоволен со ремите иако играта секогаш може да биде подобра.

Мора да сум задоволен, имаше желба за докажување, желба за надигрување. Овој нерешен резултат не е рамен на победа затоа што освои само еден бод, а не три. Во вториот дел одигравме одлично за разлика од првиот дел кога имавме некои аномалии во играта-истакна селекторот.

Лучијално Спалети пак го истакна лошиот терен но и фактот дека Македонија има добри играчи како што е Елмас.

Минавме две години со Елмас, Тој е беспрекорен професионалец и можам да му се извинам што можеби не му дадов доволно простор. Елмас заслужи да игра повеќе во Наполи, но можам да кажам дека напорно работеше, на тренинзите секогаш беше одличен. Му посакувам само успеси во кариерата.