Македонската машка ракометна репрезентација во најсилен состав ќе излезе попладнево, 17 часот, против Финска во Рихимаки, во претпоследното коло од квалификациите за Европското првенство во јануари следната година.
Селекторот Кирил Лазаров и неговиот асистент Филип Миркуловски се најдоа во составот, додека на трибините ќе останат десното крило ненад Костески, левиот бек Михајло Малдоновиќ, како и голманот Марко Кизиќ.
Македонија веќе има сигурен пласман на Европското првенство, но победа над Финска и Швајцарија во финишот на квалификацискиот циклус може да и донесе пласман и на лидерската позиција на табелата.
Comments are closed for this post.