Фудбалската репрезентација на Македонија забележа победа од 2:0 против Ерменија во вториот меч од Групата Д во новото натпреварување УЕФА лига на нации. Стрелци на головите беа Егзијан Алиоски од пенал во 14. минута и Горан Пандев во 59. минута.
Македонија со максимални шест бодови е лидер во групата. Црвените лавови третиот натпревар ќе го одиграат на 13 октомври, на гости против Лихтенштајн, кој вечерва игра против Гибралтар.
Лигата на нации, е новото европско фудбалско натпреварување, од УЕФА е замислена како замена за официјалните пријателски мечеви. Нуди поголема натпреварувачка динамика, значителна финансиска поткрепа и дава можност за обезбедување директно учество на ЕУРО 2020 година.
Comments are closed for this post.