Македонската фудбалска репрезентација го задржа 68. место на ФИФА ранг-листата.
Со таквиот пласман, македонската репрезентација е најдобро рангирана селекција во нашата група од Лигата на нации, а по нас најдобро котира Ерменија (101. место), додека Лихтенштајн и Гибралтар се на 182 и 190. место на ранкингот.
Најдобро рангирана светска репрезентација и натаму е Белгија, по што следуваат Франција и Бразил. Во ТОП 10 уште се и: Хрватска, Англија, Уругвај, Португалија, Швајцарија, Шпанија и Данска.
Следното рангирање Светската фудбалска федерација ќе го изврши на 29 ноември.
Comments are closed for this post.