Фудбалерите на Велс синоќа го победија Лихтенштајн со 1:0 на гостувањето во Вадуз, што е добра вест за македонската фудбалска репрезентација.
Велшаните се надеваа на триумф со најмалку шест голови разлика, но едвај стигнаа и до минимална победа.
По овој резултат, на македонската репрезентација на натпреварот против Велс во Кардиф во вторник ќе и биде доволно и реми за да го освои второто место во Ј-групата и да оди во бараж за СП 2026 преку квалификациите.
Во случај на чудо, односно Белгија да загуби од Лихтенштајн дома, тогаш нашата репрезентација со победа над Велс ќе избори директен пласман на Мундијалот 2026 што ќе се игра во САД, Мексико и Канада.







Comments are closed for this post.