Постарите љубители на спортот ќе се сетат на името на Тони Савевски. Овој фудбалер беше дел од шампионската екипа на Вардар во 1987 година и беше играч од средниот ред. Запиша и неколку настапи за југословенската репрезентација.

По заминувањето од Вардар потпиша за АЕК од Атина и беше еден од најдобрите играчи во историјата. Со атињаните во сезоната 1994-95 играше во Лигата на шампионите.

принтскрин

Целата кариера играше за АЕК а подоцна стана и тренер во екипата. Денеска Савески има 61 година и за него малку се знае бидејќи ретко доаѓа во Македонија и во родната Битола.