Фудбалерот на Тотенхем Дејан Кулушевски одби да зборува на македонски јазик. По мечот со Манчестер Јунајтед тој даде изјава но кога новинарот на Спорт Клуб почна да го прашува на хрватски јазик Дејан го праша на кој јазик да говори.

Новинарот сосема нормално му рече – на македонски на што фудбалерот рече „Не не на македонски“.

Кулушевски е роден во Шведска но играше за младата репрезентација на Македонија по што избра да игра за шведскиот национален тим.