Еден од најпопуларните, но и најексцентрични боксери на сите времиња, Мајк Тајсон, обелодени дека сакал да претепа една горило, што ги малтретирало другите горила во неговиот кафез во зоолошката градина во Њујорк.

Анегдотата што Тајсон ја раскажува за британски „Сан“, се случила кон крајот на осумдесеттите години, кога тој беше на врвот на својата слава, при една прошетка во зоолошката заедно со својата сопруга Робин Гивенс. Во тие моменти Тајсон видел што се случува во кафезот, по што му добил желба да се „пресмета“ со животното.

Кога дојдовме до кафезот на горилите имаше едно горило со сребрен грб коешто ги повредуваше другите. Тие беа моќни го гледаа со уплашен поглед како деца. Му понудив на чуварот 10 илјади долари да го отвори кафезот и да ми доволи да му го скршам носот на горилата. Сепак, тој, без размислување ме одби – раскажува Тајсон.

Изјавата на 52-годишниот Тајсон, кој во 1986 година стана најмладиот светски шампион во тешка категорија, е малку изненадувачка со оглед на тоа што тој важи за голем љубител на животните, а е познат и по тоа што како миленичиња чуваше неколку бенгалски тигри.