Со еден збор – историја! За тоа играше Новак Ѓоковиќ во финалето на Ролан Гарос, а таму стигна победувајќи го Каспер Рудо во три сета!
Резултатот од мечот за трофејот гласеше 3:0 – 7:6(7:1), 6:3, 7:5.
Ѓоковиќ со победата влезе во тениската бесмртност, вечност или како сакате изговорете.
Го освои 23. Грен слем трофеј, што сега е рекорд, стана првиот тенисер кој досега барем три пати ја освоил секоја Грен слем титула и се врати на првото место на АТП листата, каде ќе ја започне 388. недела во понеделник.
Со титулата во Париз заработи вкупно 2.300.000 евра, а си остави шанса првпат во кариерата да ги освои сите четири големи турнири во една сезона.
Comments are closed for this post.