Напаѓачот на Ајнтрахт Франкфурт, Лука Јовиќ е нов играч на Реал Мадрид, објави „кралскиот клуб“ на својата официјална веб-страница.

Договорот со 21-годишниот Србин е склучен на пет години. Во моментов, Јовиќ е подложен на медицински преглед по што се очекува негова промоција.

Јовиќ во сезоната 2018/19 имаше настапи на 48 натпревари за Ајнтрахт, постигна 27 гола и оствари седум асистенции.

Според информативниот портал„ transfermarkt.de“ Реал за Јовиќ на германскиот клуб му платил 60 милиони евра.