Манчестер јунајтед среќно со 3-2 го победи Брајтон во исклучително интересен меч со досега невидена завршница, судијата најпрво свирна крај а потоа со помош на ВАР досуди пенал кој го реализираше Бруно Фернандеш за три бода.
Луд натпревар меѓу Брајтон и Манчестер јунајтед, домаќините можат да жалат не само што не освоија бод, туку и што не победија.
Брајтон дури пет пати ја погодуваше контрукцијата од голот на Манчестер јунајтед, а тимот на Солшер од три шута во рамките од голот даде три гола.
Домаќините поведоа со гол на Мопеј во 40. минута од пенал, само три минути подоцна Данк си постигна автогол за 1-1.
По седум минути игра во вториот дел на Рашфорд му беше поништен гол поради офсајд, но во 55. минута тој реализираше мајсторски за водство од 2-1.
Во 95. минута Марч постигна гол со глава и изедначи на 2-2, се чинеше дека Манчестер јунајтед ги загуби трите бода, но на крајот не испадна така.
Имаше уште неколку секунди до крајот, Јунајтед нападна, имаа корнер, по кој судијата досуди крај, но пред да го направи тоа Мопеј во својот шеснаесетник играл со рака. По прегледувањето на снимката одлуката беше исправена, наместо крај на мечот, заслужено беше досуден пенал за Манчестер јунајтед.
Бруно Фернандеш беше сигурен реализатор на најстрогата казна за победа на Манчестер јунајтед од 3-2.
Comments are closed for this post.