Напаѓачот на Бреша, Марио Балотели изјави дека достигнал многу добра форма. Според Италијанецот, тој изгубил тежина и сега е на ниво од времето кога играше во Манчестер Сити.

„Супер Марио“ беше дел од англискиот тим од 2010 до 2013 година.

– Мислам дека изминатот месец и половина работев понапорно од кога и да било во една деценија од мојата кариера. Сè уште не сум целосно подготвен за натпревари, одиграв само два пријателски натпревара, но сега сум во одлична форма. Последниот пат кога ја имав оваа тежина бев во Манчестер сити, изјави Балотели.

Негова цел е враќање во италијанската репрезентација до почетокот на ЕУРО 2020.

Секако, мојата цел е да влезам во италијанската репрезентација за Европското првенство. Сега главната задача е да се добие посакуваната форма што е можно побрзо, нагласи Балотели.