Тренерот на Интер Антонио Конте ја коментираше победата над Милан (2:0) во натпреварот од 4. коло на италијанскиот шампионат.

  • Тешко е да се предвиди победникот на дербито, но ние направивме одлична работа. Ова е заслужена победа, со која им честитам на нашите навивачи. Задоволен сум од тоа како ја започнавме сезоната во првенството. Настапот во Лигата на шампионите малку го помати впечатокот. Сепак, нашиот тим има своја идеја која ќе с естремиме да ја исполниме, изјави Конте.

Интер под негово водство има максимални 12 бода по првите четири натпревари во Серија А.

Во Лигата на шампионите Интер стартуваше со нерешен резултат против Славија.