Ливерпул продолжува самоуверено во Премиер лигата, откако победи на тешкото гостување кај Тотенхем со 2-1.
„Црвените“ стигнаа до својата петта последователна победа во шампионатот, по голови во двете полувремиња и во исто време им нанесоа втор последователен пораз на „петлите“.
Прецизни за гостите беа Вајнилдум (39) и Фирмино (54). Во дополнителното време, Ламела го постави конечниот резултат.
Со 15 бодови од пет дуели, Ливерпул останува на врвот на табелата, додека Тотенхем има само девет бода по првите пет кола.
Comments are closed for this post.