Сопственикот на италијанскиот гигант Наполи, Аурелио де Лаурентис изрази подготвеност да го купи хрватскиот клуб Хајдук Сплит, кој има финансиски проблеми. Во моментов, клубот нема сопственик, а власта е во рацете на навивачите.

 Дајте ми можност и ќе го купам Хајдук, вели Де Лаурентис, цитиран од „Спортске новости“

Хајдук е еден од најпопуларните клубови во Хрватска, откако станал 15 пати шампион на земјата вклучувајќи и во периодот на поранешна Југославија.

 Подобро да купи уште играчи за Наполи, реагира градоначалникот на Неапол, Луиџи де Маџистрис на информациите.

Де Лаурентис и општината во Неапол се во конфликт поради состојбата на стадионот „Сан Паоло“, а во текот на летото бизнисменот го купи Бари, кој се натпреварува во четвртото ниво на италијанскиот фудбал. Неодамна тој сподели идејата за изградба сосема нов стадион во Пуља и да го премести тимот да ги игра таму натпреварите од Европа.

  Подготвен сум да платам за 1.000 автобуси што ќе превезуваат неаполитанци до „Сан Никола“. Кога дојдов за прв пат на овој стадион, сфатив дека тоа е голем објект. Беше напуштен, но во споредба со „Сан Паоло“, кој е изграден во 1959 година …, додаде сопственикот на Наполи