Двајца навивачи беа уапсени по натпреварот од воведното коло на Францускиот фудбалски шампионат помеѓу Монпелје и Марсеј, пренесува „АФП“.

За време на прославата на голот во Марсеј, навивачите фрлија шишиња на теренот и го погодија в лице гостинскиот играч Валентин Роние, кој беше резерва.

Официјалниот спике ги замоли фановите да се смират, но по пет минути, шишиња повторно полетаа на тревникот. Главниот судија Жереми Пињар мораше привремено да го прекине натпреварот.

На крајот победата им припадна на гостите од Марсеј со 3:2.