Легендарниот турски голман Речбер Рушту е хоспитализиран откако било утврдено дека е позитивен на новиоит коронавирус.
Се беше нормално, но одеднаш почнаа брзо да развиваат симптомите на болеста. Во шок сме, ова се критични времиња. Најтешко е што не можеме да го видиме. Имајте свест и совест и почитувајте ги другите, изјави неговата сопруга Исил, која соопшти за состојбата на Рушту.
Рушту е рекордер по бројот на настапи за турската репрезентација. Ги имаше 120, а во кариерата настапуваше за неколку клубови. Најголема трага остави во Фенербахче, чиј гол го бранеше цели 11 години. Од 2003 до 2006 година беше член на Барселона, а се пензионира во Бешикташ во 2012 година
Comments are closed for this post.