Барса ја прекина серијата од 42 натпревари без пораз на Реал Мадрид во Примера и со 0-4 среде престолнината зададе удар во трката за титулата.
„Кралевите“ не умееја да се снајдат со високата одбрана на „каталонците“, па често влегуваа во офсајд во првиот дел, токму поради ваква ситуација беше поништен и голот на Килијан Мбапе по половина час игра.
Тренерот на Реал, Карло Анчелоти спортски го призна поразот.
„Не беше лошо одигран цел натпревар. Треба да ги заборавиме последните триесет минути кои беа лошо интерпретирани. Веќе загубивме убедливо на домашен терен од Барса во минатото и го освоивме шампионатот и Лигата на шампионите. Пак можеме тоа да го направиме.
Натпреварот беше израмнет до нивниот прв гол. Одигравме прво полувреме со многу интензитет. Нивните два гола во краток интервал ни ја одзедоа енергијата. Сезоната е долга и треба да научиме од овој пораз. Во минатото знаевме тоа да го направиме и верувам дека пак ќе го видите стариот Реал“, рече Анчелоти.
Comments are closed for this post.