Новинарката од Приштина, Зана Авдиу, живее кошмар откако пред една недела се осмели да го критикува безобразното однесување на фудбалерот Гранит Џака по натпреварот меѓу Србија и Швајцарија на Светското првенство во Катар.
Оттогаш Зана Авдиу живее под голем притисок, а од пред неколку дена и под полициска придружба. Оваа 29-годишна девојка стравува за животот во Приштина.
Сè стана особено зачестено по навредите кои таткото на Гранит Џака, Рагип Џака и ги упати кон неа, кој во една емисија јавно и порача: „Треба да внимаваш што пишуваш. Не го познаваш семејството Џака“.
И братот на Гранит, Таулант Џака, кој игра за Базел, на Инстаграм и одговори на Зана и ја објави следната изјава: „Срамота, немаш албанска крв воопшто“.
Comments are closed for this post.