Тренерот на Интер Антонио Конте добива најголема плата во Серија А – 11 милиони евра годишно, според „Газета дело Спорт“.

Поранешниот ментор на Наполи и актуелен ментор на Јувентус, Маурицио Сари е втор, откако „старата дама“ му плаќа надоместок од 5,5 милиони евра.

На третото место е поранешниот ментор на Реал Мадрид, ПСЖ и сегашен Наполи Карло Анчелоти со 5 милиони евра.

Вчера стана јасно пак дека Кристијано Роналдо зема најголема плата во Јувентус со 31 милиони евра годишен надомест.