Џон Колинс го изблокира положувањето на Кемба Вокер во последните секунди со што ја обезбеди победата на Атлната хоукс против Шарлот Хорнетс. По тој потег на Колинс, конечниот резултат гласеше 124-123 за Атланта со што „јастребите“ ставија крај на серијата од 10 порази по ред, што беше најдолга во НБА лигата сезонава.

Но, тој блок на Колинс не беше единствениот придомес на Колинс за победата. Тој беше и најефикасен во својата екипа со 23 поени, на коишто им додаде и 11 скокови. Одличен настап имаше и резервистот Кент Бејзмор, кој постигна 20 поени, меѓу кои и последните два за Атланта на четири секунди до крајот, со што неговиот тим го презеде водството што потоа Колинс го зачува со одличната игра во одбраната.

Кај Шарлот, Кемба Вокер имаше учинок од 22 поени и девет асистенции, додека Марвин Вилијамс имашр 20 поени и 13 скокови.

Резултати од синоќешните натпревари

Атланта – Шарлот  124-123

ЛА Лејкерс  – Орландо  104-108

Детроит – Феникс  118-107

Бруклин – Филаделфија  125-127

Торонто – Мајами  125-115

Сакраменто – Јута  112-133

Портпланд – ЛА Клиперс  100104

Мемфис – Њујорк  98-103