Паузата од крајот на регуларниот дел до плејофот Лука Дончиќ ја искористи  да  даде интервју на Малика Ендрјус од ESPN, а во разговорот кога новинарката го праша Дончиќ за трејдот во Лос Анџелес, менаџерката на Лука се појави со скршен мобилен телефон.

„Само да ви покажам сувенир од таа вечер“.

Интересно е што Дончиќ се уште го користи истиот мобилен телефон иако  е целосно уништен.

На прашањето дали Малика сè уште го користи, Лука одговори на вистински балкански начин.
Сè уште функционира“, рече Дончиќ низ насмевка.