На дуелот против Јута џез, кошаркарот на Минесота тимбервулвс, Дерик Роуз, потсети на своите најдобри денови. Осум години откако стана најмладиот кошаркар што станал МВП (најкорисен играч) во НБА лигата, 30-годишниот Роуз ја предводеше Минесота до триумф со реализирани 50 поени, на кои додаде и шест асистенции и четири скокови.

Роуз го почна натпреварот на местото на повредениот Џеф Тиг и во текот на целата средба го покажуваше талентот што остана недоискажан поради низата тешки повреди што ги имаше во кариерата. Роуз погоди повеќе од половината од шутевите за три поени, но и постојано го напаѓаше кошот каде што доби многу дуели со еден од најдобрите блокери во НБА, Руди Гобер.

На тој начин Роуз на вистински начин го замени Џими Батлер, кој ја пропушти средбата поради премореност, и беше клучен за триумфот на Минесота од 128-125.

Резултати од синоќешните натпревари:

Минесота – Јута  128-125

Бруклин – Детроит  120-119 (прод)

Голден Стејт – Њу Орлеанс  131-121

ЛА Лејкерс – Далас  114-113

Феникс – Сан Антонио  90-120

Њујорк – Индијана  101-107

Чикаго – Денвер  107-108 (прод.)