Светската фудбалска федерација (ФИФА) почна проверка на правилникoт за трансфери во кој се третира прашањето за позајмувањето фудбалери. Како што пишува германскиот „Спортбилд“ ФИФА сериозно размислува да ги преуреди правилата, односно да воведе огранучувања на бројот на играчи што еден клуб може да позајми на други екипи.

Проектот за кој ФИФА ќе се залага е ограничување на само 8 фудбалери кои еден клуб може да ги испрати на позајмица во еден трансфер период, а од нив максимум четворица можат да бидат позајмени во ист тим. Ќе се направи исклучок за таленти на возраст под 21 година, кои ќе може да одат на „пракса” во друга екипа.

Проверката на овој елемент од трансфер-политикита на големите клубови доаѓа поради фудбалските гигантите како Челзи и Јувентус, кои речиси неограничено потпишуваат договори со огромен број фудбалери коишто потоа ги испраќаат во други клубови. Така на пример, во текот на оваа календарска година Челзи има позајмено дури 40 фудбалери, додека Јувентус позајмил 26.